АХВ ги информира потрошувачите дека се отповикува следниот небезбеден производ ХИПП Органски сок од јаболко 200 мл, поради детектирана опасност - туѓо тело во производ од серијата А98967.
Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека се отповикува следниот небезбеден производ:
1. ХИПП Органски сок од јаболко 200 мл
Сериски број/лот- А98967
Рок на траење- 31.10.2023 година
Причина за отповикување: детектирана опасност - туѓо тело во производ од серијата А98967
Производство: HIPP Termlő ѐs Kereskedelmi Kft, Унгарија
Увозник во РСM – АТЛАНТИЦ ТРАДЕ СКОПЈЕ ДОО Скопје
Дистрибутер: АТЛАНТИЦ ТРАДЕ СКОПЈЕ ДОО Скопје
Крајните потрошувачи кои гo имаат купено горенаведениoт производ со сериски брј/лот како погоре наведеното, да нe гo конзумираат и истиoт да гo вратат на местото од каде гo купиле.