Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Светски ден за безбедност на храната 2022 година

26.05.2022
Светски ден за безбедност на храната 2022 година

Побезбедна храна, подобро здравје (Safer food, better health)

Четвртиот Светски ден за безбедност на храната (World Food Safety Day) ќе се одбележи на 7 јуни 2022 година и ќе биде насочен кон привлекување внимание и инспирирање на акција за да се помогне во спречување, откривање и управување со ризиците поврзани со храната, придонесувајќи за сигурност на храната, здравјето на луѓето, економскиот просперитет, земјоделското производство, пристап до пазарот, туризмот и одржливиот развој.

Безбедната храна е од суштинско значење за здравјето и благосостојбата на луѓето. Само кога храната е безбедна можеме целосно да имаме корист од нејзината хранлива вредност, како и од менталните и социјалните придобивки на споделување безбеден оброк. Безбедната храна е една од најкритичните точки за добро здравје.

Небезбедната храна е причина за многу болести, а придонесува и за повеќе лоши здравствени состојби, како што се нарушен раст и развој, недостаток на микронутриенти, ментални болести, итн. На глобално ниво, еден од десет луѓе се погодени од болести предизвикани од храна на годишно ниво. Добрата вест е тоа што повеќето болести кои се пренесуваат преку храна може да се спречат.

Нашето однесување, начинот на кој ги градиме системите за безбедност на храна и како ги организираме синџирите за снабдување со храна може да спречат различните микробни патогени (бактерии, вируси и паразити), хемиски резидуи, биотоксини и други штетни или опасни материи да се најдат во нашите чинии.

Треба да ги трансформираме системите за безбедност на храна да обезбедуваат подобро здравје, и тоа треба да се направи на одржлив начин. 

 

Безбедноста на храната е заедничка одговорност (Food safety is everyone’s business)

Слоганот за Светскиот ден за безбедност на храната е потсетник дека сите ние имаме одговорност  во одржување на храната безбедна. 
 

 

Ознаки
Категорија