Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

Ноември 2025

АХВ спречи увоз на над 20 тони небезбеден помфрит

23.11.2025
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), спречија увоз на 20.500 килограми замрзнат компир – помфрит, со поминат рок на употреба (23.05.2025 година). Компирот, увоз од Холандија, бил наменет за продажба на македонскиот пазар.

Препораки за безбедност на храната, водата за пиење и заштитта на животните во регионите каде има поплавувања

22.11.2025
Поради покачените водостои на реките по неколкудневните врнежи од дожд и опасноста од нивно излевање, но и заради излевањето на реките во неколку региони во земјава, со цел навремено преземање превентивни активности за намалување на ризиците од појава на заразни болести кои се пренесуваат преку храната или водата за пиење и за заштита на животните, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до населението да води сметка за безбеднсота на храната, водата за пиење и за здравствената состојба и благосостојбата на животните

АХВ започна со спроведување на серија еднодневни специјализирани обуки за подигнување на свеста за одредени болести кај животните

20.11.2025
Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје започна серија еднодневни специјализирани обуки за подигнување на свеста за африканската чума кај свињите, при што во рамките на обуките посебен акцент ќе биде ставен и на класичната чума кај свињите, беснилото и авијарната инфлуенца

Светска недела за свест за антибиотиците (World Antibiotic Awareness Week)

19.11.2025
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од  18 до 24 ноември и оваа година како и во минатото се приклучува кон глобалната кампања за одбележување на Светската недела за свеста за антибиотиците (World Antibiotic Awareness Week) и Европскиот ден за свеста за антибиотиците (European Antibiotic Awareness Day).

Одржана едукативна работилница со тетовските средношколци во РЦСОО „Моша Пијаде“ – Тетово

18.11.2025
РЦСОО „Моша Пијаде “ Тетово  вчера беше домаќин на работилница за подигнување на свеста кај средношколците за консумација на енергетски пијалоци, забраната за употреба до 18 годишна возраст, неконтролирана употреба на храна за спортисти, електронска трговија на храна, забрана за употреба, заблуда на потрошувачи.

Одржана TAIEX Експертска мисија за имплементација на законодавството на ЕУ во врска со благосостојбата на животните, особено за животните што се користат за научни цели

17.11.2025
Во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство и TAIEX инструментот на Европската комисија од 10 до 13 Ноември 2025 година во Скопје се одржа Експертска мисија за имплементација на законодавството на ЕУ во врска со благосостојбата на животните, особено за животните што се користат за научни цели.

АХВ спроведе засилени контоли кај операторите со храна во близина на училиштата

16.11.2025
Петнаесет забрани за вршење на дејност изрече Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна во рамки на 445 инспекциски контроли кои ги спроведе во изминативе десеттина дена.

Изминатата недела АХВ заплени и уништи приближно 37 тони храна со поминат рок на употреба

09.11.2025
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) неделава, при спроведена вонредна  контрола кај оператор со храна, запленија и нештетно уништија приближно 37 тони храна, јаткасти плодови, зрнести и мешункасти производи и разни зачини, без декларации и на кои рокот на употреба им бил истечен од една до две години

Запленета небезбедна храна со непознато потекло

06.11.2025
По добиена пријава, со интервенција од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе вонреден инспекциски надзор на возило во кое се превезувало храна со непознато потекло, на подрачјето во општина Чучер-Сандево.

Одржана TAIEX Експертска мисија за имплементација на законодавството на ЕУ во врска со рециклирани производи и материјали кои доаѓаат во контакт со храна

05.11.2025
Во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство и TAIEX инструментот на Европската комисија од 3 до 5 ноември 2025 година во Скопје се одржа Експертска мисија за имплементација на законодавството на ЕУ со националното законодавство во врска со рециклирани производи и материјали кои доаѓаат во контакт со храна.