Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Октомври 2024

Примена на вештачката интелигенција (ВИ) во безбедност на храната

28.10.2024
Во организација на ФАО на 6 ноември 2024 година ќе се одржи технички семинар на тема „Вештачка интелигенција (ВИ) за безбедност на храната“. Настанот што ќе се одржи во хибриден формат има за цел да ја истражи моменталната состојба на технологијата што брзо се развива, нејзините придобивки и недостатоци.

Трибина за превенција од ППР се одржа и во Скопје

25.10.2024
На трибината учествуваа членовите Локалниот центар за контрола на болести Скопје, претставници и официјални ветеринари од Агенцијата за храна и ветеринарство, ветеринарни друштва и  претставници на институции со кои АХВ соработува во услови на криза. 

АХВ спроведе вонредна инспекциска контрола на скопскиот пазар за стари работи

25.10.2024
Околу 100 килограми небезбедна храна запленија и уништија утрово инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ)  во рамки на спроведениот вонреден инспекциски надзор  на пазарот за стари работи познат како бувљак, во скопската  населба Маџари.

Во Штип се одржа трибина за превенција на болеста чума кај малите преживари

24.10.2024
Членовите на Локалниот центар за контрола на болести, официјални ветеринари и претставници на институции со кои Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соработува во услови на криза, денес во Штип, беа дел од учесниците на првата од серијалот трибини за превенција на болеста чума кај малите преживари

Водата во струмичкиот водовод се уште не е безбедна за пиење

23.10.2024
Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), ги доби резултатите од анализираните мостри вода земени на 18.10.2024 година во рамки на спроведениот вонреден инспекциски надзор во водоснабдителниот објект - фабрика за вода на ЈКП “Комуналец” Струмица.

Здравствена проценка на ризик по човековото здравје од диететска експозиција на Бисфенол А (БПА) преку храната

Бисфенол А (БПА) е органско синтетичко соединение (2,2-бис-4-хидроксифенил пропан) што припаѓа на групата на дифенилметански деривати и бисфеноли со две хидроксифенил групи. Тоа е безбојна цврста супстанција што е растворлива во органски растворувачи, но слабо растворлива во вода. Во комерцијална употреба е од 1957 година.

Потврден виосокопатоген сој на вирусот на Птичји грип H5N1 во скопската ЗОО

19.10.2024
По угинување на една гуска лоцирана во езерцето во Зоолошка градина Скопје и поставен сомнеж за болеста Авијарна инфлуенца (Птичји грип), по лабораториско тестирање на угинатата птица, со лабораториски резултат од Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, од 18.10.2024 година, потврден случај на присуство на виосокопатоген сој на вирусот на Птичји грип H5N1.

Вонредни контроли и во Куманово

18.10.2024
Приближно 100 килограми небезбедно месо и подготовки од месо нештетно уништија инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ)  во вторникот во Куманово, при спроведени вонредни надзори во ресторани, месарници и маркети.