Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Октомври 2024

Потврден нов случај на птичји грип, на сила и решение за заштитни мерки за болеста син јазик

31.10.2024
Со  лабораториски наод  од Националниот институт  за храна  и ветеринарство при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје (ФВМ) од 28.10.2024 година, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), потврди нов случај на болеста високо патогена авијарна инфлуенца H5N1 (птичји грип) кај 1 угината дива птица – гуска во резиденцијалниот комплекс Свети Јован во скопско Злокуќани.

Risk Assessment Project Activities (IPA Project Activity: ADC-FSS,Component 4 - за институционално зајакнување на проценката на ризик)

Оваа PowerPoint презентација се однесува на институционалното зајакнување на научно-базираната здравствена проценка на ризик по човековото здравје од опасности присутни во храна, со фокус на Salmonella spp. од микробиолошките опасности во пилешко месо и афлатоксините во јаткасти плодови, млеко и млечни производи.

Проценка на ризик од афлатоксини, карактеризација на опасноста, статистика на проценка за експозиција за телеконференција (TELECONFERENCE – RISK ASSESSMENT ON AFLATOXINS, HAZARD CHARACTERIZATION, EXPOSURE ASSESSMENT STATISTICS)

Во овој документ на темa " Проценка на ризик oд афлатоксините со карактеризација на опасностa и статистика за проценка на изложеност “ наменет и прикажан на телеконференција за микотоксини како дел од завршена ИПА Проектна активност, (IPA Project Activity: ADC-FSS,Component 4) -  за институционално зајакнување на проценката на ризик прави преглед на потпрограмата бр.6 од Националната годишна мониторинг

Скоринг систем со протокол за приоритизација на ризици поврзани со безбедноста на храната - Risk Prioritisation Food Safety Hazards Scoring System and Protocol (IPA Project Activity: ADC-FSS,Component 4)

Овој документ е креиран како дел од мината IPA проектна активност (IPA Project Activity: ADC-FSS,Component 4) -  за институционално зајакнување на проценката на ризик и се однесува на систем со скорови/бодови што се доделуваат во однос на различни релевантни критериуми за приоритизација на микробиолошки, хемиски и други ризици присутни во храната коишто потенцијално би можеле да го загрозат здравјето на населението, потрошувачите.

По Штип и Скопје, трибина за чума кај малите преживари се одржа и во Прилеп

29.10.2024
Агенцијата за храна и ветеринарство денеска во Прилеп одржа работен состанок за превенција од болеста чума кај малите преживари, конкретно кај козите и овците, со претставници од инспекциските служби, Дирекцијата за заштита и спасување, локалната заедница, стопанските субјекти и претставници од граничната полиција.

Примена на вештачката интелигенција (ВИ) во безбедност на храната

28.10.2024
Во организација на ФАО на 6 ноември 2024 година ќе се одржи технички семинар на тема „Вештачка интелигенција (ВИ) за безбедност на храната“. Настанот што ќе се одржи во хибриден формат има за цел да ја истражи моменталната состојба на технологијата што брзо се развива, нејзините придобивки и недостатоци.

Трибина за превенција од ППР се одржа и во Скопје

25.10.2024
На трибината учествуваа членовите Локалниот центар за контрола на болести Скопје, претставници и официјални ветеринари од Агенцијата за храна и ветеринарство, ветеринарни друштва и  претставници на институции со кои АХВ соработува во услови на криза. 

АХВ спроведе вонредна инспекциска контрола на скопскиот пазар за стари работи

25.10.2024
Околу 100 килограми небезбедна храна запленија и уништија утрово инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ)  во рамки на спроведениот вонреден инспекциски надзор  на пазарот за стари работи познат како бувљак, во скопската  населба Маџари.