Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Април 2020

Порталот Инфомакс неаргументирано обвинува за несовесно работење на инспекторите на граничните премини

30.04.2020
Без елементарно познавање на законските основи кои се однесуваат на безбедноста на храната, условите и начинот на контрола при нејзино производство, увоз и ставање во промет, но, пред се, без запазување на основните новинарски стандарди кои се однесуваат на објективното информирање, со објавениот текст ,,ЗAПЛEHETO MECO СЕ ПРЕПРОДАВА ПО ПИЉAPИ: Гpaнични инcпekтopи зaплeнyвaaт пpoизвoди кои потоа ги пpeпpoдаваат во свои дуќани”, интернет порталот infomax.mk, во јавноста пласира лаги и невистини за работата на граничните инспектори на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Промовирана новата енергетски ефикасна инвестиција на МИК Свети Николе

29.04.2020
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, денес, со Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија и првите луѓе на месната индустрија МИК Свети Николе, присуствуваше на промоцијата на новата инвестиција за подобрување на енергетската ефикасност на овој преработувачки капацитет. Станува збор за сопствена инвестиција на компанијата вредна еден милион евра со кои е поставена фотоволтаична централа и 2160 соларни панели. 

Објавен техничкиот извештај за Република Северна Македонија во рамки на СИГМА проектот на ЕФСА

22.04.2020
Соработката на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија со Европската агенција за безбедност на храна, како и посветеноста во насока на следење на глобалните трендови чија цел е заштита на јавното здравје и здравствената заштита на животните, резултираше со приклучување на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија во конзорциумот кој го спроведува SIGMA проектот.

Листерија во замрзнат зеленчук: како да се намали ризикот

21.04.2020
Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) направи проценка на ризикот по јавното здравје од контаминацијата со Листерија преку зеленчук кој е бланширан во топла вода или на пареа пред истиот да се замрзне. ЕФСА дојде до заклучок дека ризикот поврзан со конзумирање на овие производи е помал отколку кај производите кои се готови за конзумирање како што е димената риба, зготвеното месо, колбаси, паштета, младото сирење, кои најчесто се поврзуваат со контаминација со Листерија.

Соработка ЕФСА и ИПА земји

16.04.2020
Вкупно 12 агенции на Европската унија вклучително Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) активно придонесуваат за спроведување на програмите за претпристапна помош (ИПА) преку програмата “Подготвителни мерки за учество на ИПА земјите во работата на европските агенции”. Со оваа програма се обезбедува размена на знаење и јакнење на капацитетите во областа на делување на агенциите на Европската унија. Со помош на грантови кои се обезбедуваат од страна на Европската комисија, ЕФСА соработува со ИПА земјите  уште од 2006 година.

КОВИД- 19 и безбедност на храна: упатство за бизнисите со храна

16.04.2020
Светот се соочува со невидена закана од пандемијата КОВИД-19, предизвикана од вирусот SARS-КоV-2 (наречен вирус KОВИД-19). Многу земји ги следат советите на Светската Здравствена Организација (СЗО) во врска со воведувањето мерки за физичко растојание како еден од начините на кои може да се намали пренесувањето на болеста.

Резидуи од ветеринарно медицински препарати кај животни и храна: висок степен на усогласеност со препорачаните нивоа

15.04.2020
Согласно податоците од последниот извештај на Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА), присуството на резидуи од ветеринарно медицински препарати и непожелни супстанции кај животни и храна од животинско потекло во голема мерка е во согласност со препорачаните нивоа во Европската унија. Извештајот ги сумира податоците од мониторингот собрани во 2018 година.