Новоименуваниот директор на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), Јовица Андовски денес оствари прва официјална средба со Националниот координатор за безбедност на храната, Верче Мицевска. На средбата беа разгледани тековните предизвици во областа на безбедноста на храната и јавното здравје, со посебен акцент на состојбите во ветеринарно-здравствениот сектор и потребата од преземање навремени и соодветни мерки за справување со актуелните болести кај животните.
Како што беше истакнато на средбата идните активности ќе бидат насочени кон воспоставување континуирана и координирана соработка меѓу Агенцијата за храна и ветеринарство и Националниот координатор за безбедност на храната, со цел навремено препознавање и управување со ризиците, ефикасно преземање превентивни и корективни мерки и унапредување на системот за безбедност на храната, заштита на здравјето и благосостојбата на животните.
Беше истакната заедничката заложба за отворена комуникација, институционална координација и континуирана соработка во интерес на заштитата на јавното здравје и унапредувањето на безбедноста на храната во државава.