Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари
Октомври 2026
Продолжуваат вонредните инспекциски контроли на зелените пазари
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) продолжува со спроведување на засилени вонредни инспекциски контроли на зелените пазари, со цел сузбивање на нелегалната трговија со овошје и зеленчук и продажбата на храна во несоодветни услови, без потекло, најчесто од страна на препродавачи кои тргуваат надвор од организираните пазарни простори. Минатата недела, во рамки на акциите спроведени на скопскиот Зелен пазар и на пазарот во населбата Ѓорче Петров, запленети и уништени се над 5 тони небезбедна храна.
Јавен повик 1/2026
Интерен оглас за унапредување бр. 3/2026
АХВ продолжи со едукација во средните училишта за безбедноста на храната и заштита на младите потрошувачи
Агенцијата за храна и ветеринарство реализираше едукативна работилница за безбедноста на храната со учениците од државното средното училиште „Марија Кири – Склодовска“ – Скопје, со цел подигнување на свеста кај младите за безбедноста на храната, одговорното купување преку интернет и препознавањето на дезинформации и манипулативни реклами.