Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

Нов директор на АХВ

09.11.2026
Насловна слика

М-р Јовица Андоновски, поранешен заменик министер за здравство ја презеде функцијата директор на Агенција за храна и ветеринарство од неговиот претходник, Оливер Миланов. Клучните насоки и стратегиски приоритети на Андоновски се во насока на унапредување на ефикасноста, професионалноста, зајакнување на контролите и доследно спроведување на законите во Агенцијата за храна и ветеринарство.

Неговите принципи на работа се темелат на вреднување на тимската работа, стручноста, одговорноста и транспарентноста.

​Основна цел и мисија е заштита на безбедноста на храната, како и здравјето и благосостојбата на животните. Од вработените очекува посветена работа што ќе донесе конкретни резултати во интерес на сите граѓани.

М-р Јовица Андоновски е дипломиран економист, од Велес, кој како кадар на Социјалистичка партија на Македонија досега во два мандати ја извршуваше функцијата заменик министер за здравство (2012 -2017 и 2024 – 2026).

Ознаки
Категорија