Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

Водата во Гостивар може да се користи како техничка, продолжува испораката на флаширана вода

27.07.2026
Насловна слика

Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за приготвување храна. Ќе продолжи испораката на флаширана вода, информира денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи и раководител на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, Панче Тошковски.

Според него, сè уште не немало потврда согласно мерењата дека може да се користи за пиење, ниту пак за подготвување храна.

– По повеќекратни испитувања на водата имаме добиено потврда од страна на експертите од анализите коишто се правени, дека може да се користи како техничка вода, но, пак ќе повторам, не може сè уште да се користи како вода за пиење или пак за приготвување на храна, подвлече Тошковски.

​Во делот на обезбедување на флаширана вода за пиење, нагласи дека ќе продолжат со достави како и претходните денови.

– Во координација сме со општината во делот на сето она коешто треба да се преземе и понатаму. Сакам лично да изразам огромна благодарност, прво на гостиварчани за нивното разбирање, потоа на сите експерти и луѓе коишто беа вклучени на терен. Тие се тие коишто ги превземаа сите професионални активности во делот на хиперхлорирање, поставување апаратура за да дојдеме до оваа фаза, техничка вода за употреба, а се надевам за брзо ќе ја известиме јавноста точно кога и повторно ќе дојдеме до вода за пиење, информира Тошковски.

Упати апел до директорите на јавни претпријатија и сите кои имаат директно или индиректно поврзаност со квалитетот на водата дека здравјето и безбедноста на граѓаните се приоритет со кој нема играње.

– Секој еден кој што е одговорен за преземање на дејствија согласно закон максимално треба да се посвети, особено во делот на обезбедување на квалитетна вода за пиење. Да упатам порака во иднина до сите одговорни во рамки на општините на територија на Македонија, се надевам дека ова ќе биде за памет и еднаш засекогаш понатаму ќе постапуваат максимално професионално и во рамки на нивните со закон утврдени надлежности во делот на контрола на квалитетот на водата. Заради тоа што со здравјето на граѓаните и со безбедноста на граѓаните играње нема и треба максимално професионално и сериозно да се сфати секоја една одговорност, особено одговорноста поврзана со водата, дали техничка вода за користење или пак вода за пиење, истакна Тошковски. Раководителката на Секторот за санитарна контрола во „Водовод и канализација“ Скопје, Емилија Аневска, рече дека овие неколку денови постојано биле на терен во Општина Гостивар, со тоа што екипите земале примероци од шест локации во градот, од крајни потрошувачи. Кај сите примероци три дена последователно е забележано отсуство на колиформни бактерии и поради тоа што е вршено хлорирање со поголема концентрација од вообичаената, кај примероците не е констатирано присуство на трихалометани во над дозволените граници.

„Во следните денови ќе го зголемиме бројот на мерни места во Општина Гостивар и ќе го правиме оној основен преглед согласно Правилникот за вода за пиење, со што со континуиран мониторинг ќе можеме да потврдиме дека водата во следните денови ќе може да биде и за пиење“, рече Аневска.

Ознаки
Категорија