Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

Поради неисполонување на хигиенски услови, затворени 9 новогодишни куќарки во струшката чаршија

24.12.2025
Поради неисполонување на хигиенски услови, затворени 9 новогодишни куќарки во струшката чаршија

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), спроведе вонреден инспекциски надзор во 9 новогодишни куќарки во градската чаршија во Струга и издаде решенија за забрана за работа поради неисполнување на основни хигиенски услови. На угостителите  им се изречени парични казни по 200 евра во денарска противвредност, а издадени се и налози за нивна регистрација во Агенцијата како оператори со храна. 

Со контролатата спроведена на 22 овој месец, утврдено е дека во куќарките работеле физички лица и тоа во нехигиенски услови, односно куќарките не биле поврзани на градскатата водоводна мрежа, немале спроведена задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација, лицата немале спроведени задолжителни здравствено - санитарни прегледи, а не се почитувале ниту правилата на Добра призводствена и Добра хигиенска пракса. 

Решенијата за времена забрана на вршење на дејност ќе останат на сила се до исполнување на потребните услови за работа.

 

1

 

2

 

3

 

Ознаки
Категорија