Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

За заштита од болеста чума кај мали преживари, забранети за увоз по еден регион од Грција и Романија

29.07.2024
Агенција за храна и ветеринарство

Заради зачувување на статус земја слободна од болеста чума кај мали преживари и извоз на живи животни, месо од овци и кози и нивни производи во Европската Унија и заштита  од  внесување на  вирусот  на  чума  кај  мали  преживари (Peste  des  Pestitis  Ruminants), Агенцијата за храна и ветеринарство донесе Решенија за забрана на увоз и транзит на живи животни (домашни и диви овци и кози), производи и нус производи од животинско потекло од регионот Тулчеа/Tulcea во Република Романија и регионот Трикала/Trikala во Република Грција.

Увозот на производи од месо од домашни и диви овци и кози е дозволен доколку истите биле подложени на термички третман согласно донесеното решение од страна на директорот на Агенцијата (обработка во херметички затворен контејнер, термички третман што обезбедува постигнување на температура од најмалку 70°C - 80°C што треба да помине низ производот од месо во текот на преработката на месото, термичко третирање на производите од месо, во херметички затворени контејнери на температура од најмалку 60°C за период од најмалку 4 часа и термички третман што обезбедува постигнување на температура од најмалку 65°C во внатрешноста на производот за периодот што е неопходен за постигнување вредност на пастеризација (pv) еднаква или поголема од 40.
 

Ознаки
Категорија