Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

АХВ по петти пат го одбележува 7-ми јуни – Светскиот ден за безбедност на храна

07.06.2023
АХВ по петти пат го одбележува 7-ми јуни – Светскиот ден за безбедност на  храна

Агенцијата за храна и ветеринарство и оваа година, по 5-ти пат, се приклучува кон глобалното одбележување на 7-ми јуни - Светскиот ден за безбедност на храната под мотото “Безбедноста на храната е заедничка одговорност“. 

Оваа година акцентот е ставен на превенција, детекција и справување со труењата сохрана со што се придонесува кон обезбеденост со храна, здравјето на луѓето, економскиот просперитет, земјоделското и сточарското производство, пристап до пазарите, туризмот и одржливиот развој. 

“Кога зборуваме за безбедност на храната зборуваме за еден сеопфатен ланец на области почнувајќи од примарното земјоделско производство, заштита на
здравјето на животните како предуслов за производство на безбедна храна, исхраната на животните, техничко-технолошките процеси за преработка и
производство на храна, ракувањето со храната низ целиот ланец на производство, дистрибуција и промет, но не смее да се занемари и одговорноста која самите потрошувачи ја имаат кога станува збор за чувањето, ракувањето и соодветната подготовка на храната. 

На глобално ниво, безбедноста на храната е надополнета и оди рака под рака со обезбеденоста на храната, бидејќи пристапот до безбедна, нутритивна и храна во доволни количини е право на секој еден жител на оваа планета.”,  изјавува директорот Бабовски.

 

"1"

 

По повод одбележувањето на Светскиот ден за безбедност на храната, Агенцијата за храна и ветеринарство организираше панел дискусија на која присуствуваа
претставници од релевантните институции и организации, претставници од невладиниот сектор и научните институции кои разменија свои експертски мислења и ставови во однос на безбедноста и обезбеденоста на храна, пристапот ЕДНО ЗДРАВЈЕ, проценка на ризик, храна произведена со иновирана технологија, заштита на потрошувачите од измами и многу други теми кои се актуелни не само кај нас туку и на светско ниво.

“Без оглед на тоа дали станува збор за производствена или преработувачка индустрија, трговија или подготовка со храна, сите овие субјекти имаат своја
индивидуална улога во обезбедување дека храната е безбедна. Одбележувањето на овој меѓународен ден претставува можност да се зајакнат заедничките напори во насока на обезбедување дека храната која ја јадеме е безбедна соочувајќи се со климатските промени, производството на храна во глобални рамки како и системите за снабдување храна кои влијаат на потрошувачите, прехранбената индустрија и самата планета, сите на ум треба да ја имаме безбедноста на храната бидејќи таа е заедничка одговорност и сега но и во иднина.” вели Бабовски и додава

“На самиот овој концепт се надоврзува и пристапот ЕДНО здравје кој претставува најнов глобален концепт на интегриран, унифициран пристап чија цел е обезбедување оддржлив баланс и оптимизирање на здравјето на луѓето, на животните и екосистемите. Со пристапот ЕДНО ЗДРАВЈЕ се потврдува дека здравјето на луѓето, на домашните и дивите животни, растенијата и животната средина се тесно поврзани и меѓусебно зависни.”

 

"2"

 

Здравјето на луѓето и животните, храната, водата, енергијата и животната средина претставувааат теми кои се во надлежност на различни сектори, и од клучно значење е меѓусебната блиска и континуирана соработка помеѓу сите овие сектори и дисциплини за да се обезбеди значителен придонес во областа на здравјето на луѓето и животните, во справувањето со предизвиците поврзани со здравјето на луѓето како што е појавата на заразни болести, антимикробната отпорност и безбедноста на храната и здравствена заштита и интегритет на нашите екосистеми обезбедувајќи цел спектар на контрола на болестите почнувајќи од превенција, подготвеност, брз одговор и управување – а со тоа придонесувајќи, меѓудругото, да се придонесе за безбедност и обезбеденост со храна на глобално ниво.

Ознаки
Категорија