Европската агенција за безбедност на храна започна со објавување серија интервјуа во кои се разговара за теми поврзани со безбедност на храната а кои произлегуваат од истражувањето “Евро-барометар” спроведено на ниво на земји членки на Европската унија во 2022 година.
Дали е безбедно да се конзумираат инсекти? Колку шолји кафе смеам дневно да конзумирам? Како науката помага да се подобри благосостојбата на животните? Ова се само неколку од многуте прашања за кои ќе се дискутира во серијата интервјуа наречени “Науката на дланка”.
Серијата интервјуа се состои од интересни разговори со научници кои имаат сопствен придонес во областа на безбедност на храната на ниво на Европска унија.
Во првата епизода се дискутира за најчестите прашања на потрошувачите во однос на купувањето храна и други теми кои произлегуваат од истражувањето “Евро-барометар” во 2022 година. Интервјуто е достапно на англиски јазик на следниот линк https://www.efsa.europa.eu/en/podcast/episode-1-food-choices-beyond-gut-feelings , а во наредните епизоди ќе се дискутира на темите поврзани со труењата со храна, инсектите како храна произведена со иновирани технологии како и благосостојба за време на транспорт на животните.