На 30 ноември 2021 година Европската агенција за безбедност на храна (EFSA) го објави збирниот извештај на Европската унија за надзор на присуство на Трансмисивни спонгиформни енцефалопатии (ТСЕ) во 2020 година
Во извештајот се претставни резултатите од надзорот спроведен на говеда, овци, кози, цервиди и други видови животни, како и од генотипизацијата кај овци спроведни во 2020 година во 27 земји членки на Европската унија, Обединетеото кралство и други седум земји кои не се членки на Европската унија: Босна и Херцеговина, Исланд, Црна Гора, Норвешка, Србија и Северна Македонија.
Вкупно, 1.122.671 говеда биле тестирани во рамки на 27те земји членки на Европската унија вклучително Обединетото кралство (−2.4% помалку отколку во 2019 година), и 51.775 говеда тестирани во другите седум држави кои не се членки на ЕУ, со потврдени три случаи на H‐BSE во Франција, Ирска и Шпанија, и два случаи на L‐BSE во Франција и Швајцарија.
Повеќе од 88.5% од тестираните говеда во 27те земји членки на ЕУ и Обединетото кралство припаѓале во групата на ризични животни (животни кои биле предмет на санитарно колење, животни со клинички знаци за време на ante-mortem инспекција и угинат добиток), при што најголем дел припаѓа на угинат добиток со тестирани 924,698 говеда во 2020 година (93.1%). Од дополнителните 51,775 говеда тестирани од страна на земјите кои не се членки на ЕУ, најголем дел се репортирани од страна на Србија со 13.978 тестирани говеда и Босна и Херцеговина со 12,848 тестирани говеда.
Во 27те земји членки на Европската унија вклучително и во Обединетото кралство биле тестирани вкупно 332.579 овци и 120.615 кози (−1.6% и −16%, помалку отколку во 2019 година). Кај овците биле потврдени вкупно 688 случаи на Скрепи во 16 земји членки на Европската унија и Обединетото кралство: 589 класична форма на Скрепи била потврдена во 7 земји членки на ЕУ, 98 атипична форма на Скрепи била потврдена во 14 земји членки на ЕУ и Обединетото кралство, и 1 случај на CH1641.
Целиот извештај на Европската агенција за безбедност на храна може да се прочита на следниот линк
https://efsa.onlinelibrary.wiley.com/doi/pdf/10.2903/j.efsa.2021.6934