Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски и Илија Георгиев, раководител на Одделението за координација и контрола на лабораториите, од 26 до 29 септември учествуваат на 61 - Меѓународна конференција на месната индустрија која се одржува во Златибор, Република Србија под мотото “Здрава храна за сегашноста и иднината”. Организатор на настанот е Институтот за хигиена и технологија на месо од Белград и на него учествуваат истакнати научни лица и стручњаци од областа на месната индустрија од повеќе научни институции од земји во светот, како што се: Италија, Германија, Ирска, Австралија, Полска, Шпанија, Турција, Србија, Руска федерација, САД, Босна и Херцеговина, Република Северна Македонија, Хрватска, Португалија и Црна Гора.
На конференцијата ќе бидат презентирани 50 - тина научни трудови поврзани со безбедноста на храната, со посебен акцент на месото и месните производи. Во трудовите акцент е ставен на опасноста од контаминација на месото и производите од месо како што е микробиолошката контаминација, опасноста од физичко хемиската контаминација, опасноста од АМР, неконтролирана употреба на пестициди и други недозволиви супстанци во храната.