Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира потрошувачите дека операторот со храна АЛМА М Дооел, од пазарот врши отповикување на сладоледи БАУНТИ ЕКСТРА стапче 1х24 (51.6 гр), поради утврдено присуство на етилен оксид.
Операторот со храна ,,АЛМА М Дооел,, врши отповикување на следниот производ:
Назив на производот: сладоледи БАУНТИ ЕКСТРА стапче 1х24 (51.6 гр)
Сериски број/лот- 109F2DOE02, 113A1DOE01, 113A2DOE01 и 113A3DOE01
Рок на употреба: 28.02.2023 година
Причина за отповикување:-небезбеден производ поради присуство на Етилен оксид кој е потенцијален ризик по здравјето на луѓето.
Производител: MARS WIRGLEY
Увозник во РСМ: АЛМА М Дооел
Дистрибутер во РСМ: АЛМА М Дооел
Оператор со храна АЛМА М Дооел