На барање на Европската комисија, Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) треба да обезбеди научно мислење со цел да даде поддршка во развојот на идниот систем за обележување на храната на предниот дел од пакувањето кој ќе се користи на целата територија на Европската унија. Во исто време, со научното мислење треба да се пропишат и условите за користење на нутритивните и здравствените тврдења за храната.
Согласно акциониот план на ЕУ- Стратегија од фарма до вилушка, Европската комисија предвидува до крајот на 2022 година да достави предлог за хармонизирано задолжително означување на предната страна од пакувањата со храна во однос на нутритивните вредности и пропишување на нутритивните профили со цел да се ограничи промовирањето на храна богата, на пример, со сол, шеќер и/или масти итн.
Европската комисија побара од ЕФСА да обезбеди научен совет за:
- Нутритивни состојки кои се од важност по јавното здравје за жителите на Европската унија, вклучително и нехранливите компоненти на храната (пр. Енергетска вредност, диетални влакна);
- Групи со храна кои имаат важна улога во исхраната на жителите на Европската унија и подгрупите;
- Критериуми за избор на хранливи состојки и други нехранливи компоненти на храната за профилирање на хранливи состојки.
Експертите на ЕФСА кои ќе бидат вклучени во подготовката на ова научно мислење ќе спроведат проценка и неодамнешните научни информации, вклучително и изворите како што се:
- Објавени прегледи за препораки за исхрана за здрава исхрана базирани на докази од студии спроведени на луѓе;
- Спроведените активноати на ЕФСА за dietary reference values и nutrient profiles;
- Сеопфатен преглед на review of front-of-pack labelling schemes обезбеден од ЕК.
ЕФСА треба да го достави своето научно мислење до март 2022 година, а до крајот на 2021 година ќе се побара и мислење од јавноста по однос на нацрт текстот на ова јавно мислење.