ЕФСА објави научно мислење на тема проценка на благосостојбата на говеда за време на колење
На барање на Европската комисија, Европската агенција за безбедност на храна објави научно мислење на тема проценка на благосостојбата на говеда за време на колење. Научното мислење е засновано врз најсовремени научни студии и истражувања, а следува по проценките на благосостојба на живина, зајаци и свињи за време на колење.
Колењето на говеда со цел исхрана на луѓето може да се одвива во кланица или на фарма. Процесите на колење кои се проценети од аспект на благосостојба, од пристигнувањето на говедата до нивната смрт (вклучително и колење без зашеметување), се групирани во три главни фази, и тоа:
- Предомамување (вклучително пристигнување, истоварање од камионот, кланично депо, постапување и преместување на говеда);
- Омамување (вклучително и фиксирање); и
- Искрварување.
Методите на омамување се групирани во две категории, и тоа: механичко и електрично. Идентификувани се 12 последици од аспект на благосостојба на кои можат да бидат изложени говедата при колење: стрес од топлина, стрес од студ, замор, долготрајна жед, долготрајно гладување, попречност на движењето, ограничување на движењето, немање услови за одмор или непријатност за време на одмор, социјален стрес, болка, страв и вознемиреност.
Вкупно се идентификувани и карактеризирани 40 опасности од аспект на благосостојба, при што повеќето се поврзани со омамување и искрвавување. Персоналот е идентификуван како извор на 39 опасности, а тоа се припишува на недостаток на соодветни вештини потребни за извршување на задачите или на замор. Идентификувани се мерки за спречување и корекција на опасностите, а структурните и менаџерските мерки се идентификувани како клучни во превенцијата.
За сите процеси развиени се табели за резултати што ги поврзуваат опасностите, последиците по однос на благосостојбата, мерките засновани на поединечно животно, потеклото на опасностите, како и превентивните и корективните мерки. Предложени се мерки за минимизирање на последиците.
Целиот текст на научното мислење на ЕФСА може да се прочита на следниот линк:
https://efsa.onlinelibrary.wiley.com/doi/epdf/10.2903/j.efsa.2020.6275