Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Промовирана новата енергетски ефикасна инвестиција на МИК Свети Николе

29.04.2020
Промовирана новата енергетски ефикасна инвестиција на МИК Свети Николе

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, денес, со Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија и првите луѓе на месната индустрија МИК Свети Николе, присуствуваше на промоцијата на новата инвестиција за подобрување на енергетската ефикасност на овој преработувачки капацитет. Станува збор за сопствена инвестиција на компанијата вредна еден милион евра со кои е поставена фотоволтаична централа и 2160 соларни панели. 


Со оваа инвестиција, месната индустрија МИК Свети Николе ги исполни условите и стандардите кои ги бара Европската унија за извоз на пазарите на земјите членки на Унијата, истакна директорот Атанасов во обраќањето.    


Во рамки на оваа инвестиција, како што беше истакнато на промоцијата, со енергетски ефикасни, извршена е замена на 90 проценти од разладните уреди и рехабилитирани се постоечките во штедливи разладни простории, кои во овој преработувачки капацитет за месо се со површина од над 10 илјади метри квадратни. Реализацијата на инвестициските активности, водени од 60 годишното искуство на оваа компанија, според  Гоце Трајчев, претставник на МИК Свети Николе и во вакви тешки здравствени и економски  сложени состојби за стопанисување, се поттик за соодветно адаптирање на актуелната ситуација во економското работење во услови на пандемија. 


Вложувањето во подобрување на енергетската ефикасност и зголемување на грижата за заштита на човековата околина преку намалување на емисијата на јаглеродни гасови во текот на производството се мотив плус и за добивање на извознички број пласман на производите од оваа месна индустрија на пазарите на земјите членки на Европската унија. И во вакви услови, како што најавија првите луѓе на оваа месна индустрија, со помош на новите мерки за поддршка на стопанството, компанијата ќе вложува во одржување на континуитетот на постојано инвестирање во развој на човешките ресурси, техничко – технолошки развој, унапредување на еколошките стандарди и континуирано усогласување на работењето со законските барања  за производство на безбедна храна. 
 

Ознаки
Категорија