Aгенцијата за храна и ветеринарство подготви информација за потрошувачите за безбедно ракување и чување на храната во однос на бактеријата Listeria monocytogenes. Листериозата е заболување кое е предизвикано од бактеријата Listeria monocytogenes. Иако заболувањето листериозата ретко се јавува, тоа честопати е сериозно, со високи цени на болнички третман и висока смртност.
Луѓето најчесто се разболуваат од листериоза како резултат на јадење на храна која е загадена со оваа бактеријата и подржува раст и размножување на бактеријата Listeria monocytogenes.
Готвењето на температури повисоки од 65C ја уништуваат оваа бактеријата. Сепак, бактеријата Listeria monocytogenes може да се најде во храната после производството (после готвење или пред пакување на храната). Безбедното ракување со храната е клучно за да се обезбеди јавното здравје.
ПОВЕЌЕ ЗА ЛИСТЕРИОЗАТА МОЖЕТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ ОВДЕ