FODMAPs или ферментирачки олигосахариди, дисахариди, моносахариди и полиоли се јаглехидрати со краток синџир кои слабо се апсорбираат во тенкото црево и се склони да апсорбираат вода и ферментираат во дебелото црево. Тие вклучуваат кратки синџири на олигосахаридни полимери на фруктоза (фруктани) и галактоолигосахариди (GOS, стахиоза, рафиноза), дисахариди (лактоза), моносахариди (фруктоза) и шеќерни алкохоли (полиоли), како што се сорбитол, манитол, ксилитол и малтитол. Повеќето FODMAPs се природно присутни во храната и човечката исхрана, но полиолите може да се додаваат вештачки во комерцијално подготвената храна и пијалоци.
Во овој документ се дефинирани FODMAPs, изворите во храната, нивниот диететски ефект врз природните пребиотици, цревната микробиота и метаболом, цревниот мотилитет, нивната нутритивна и диетеска адекватност и поврзаноста, ефектот од експерименатлни студии со инфламаторните цревни заболувања (Кронова болест и улцерозен колитис), како и со нарушувањата во исхраната - anorexia nervosa. Дополнително детално се објаснети овие две инфламаторни цревни заболувања (етиопатогенеза, имунологија, генетика, патохистолошки и макроскопски карактеристики, генерални клинички манифестации и општи принципи на терапија), како и анорексијата.
Овој документ, е изработен и систематизиран од Д-р Виктор АРСОВ, дипломиран доктор по медицина, специјалист интернист, експерт за здравствена проценка на ризик поврзана со опасности во храната, нутриција, диететски производи и алергии, помлад соработник за логистика за информации за здравствена проценка на ризик поврзани со опасности во храната, со речиси 18 годишно работно и професионално искуство во Секторот за проценка и комуникација на ризик (СПКР).