Стручни тимови од Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство и ветеринарните друштва, со цел превенција и спречување на појава на заразни болести во поплавените подрачја во скопскиот и тетовскиот регион, по поплавите, активно работат на отстранување и закопување на угинатите животни.
Во текот на изминатите два дена, во најголем, дел завршено е евидентирање, проценка и утврдување на сопственоста на угинатиот ситен добиток ( кокошки, овци и кози), како и нивно закопување на соодветни локации определени од страна на локалната самоуправа.
Од вчера попладне се врши и извлекување, евидентирање, проценка и отстранување и закопување и на угинатиот крупен добиток во поплавените региони.
Со цел елиминирање на ризикот од појава на болести кај добитокот во поплавените региони, официјалните ветеринари во соработка со ветеринарните друштва и месното население врши дислокација на живиот добиток и обeзбедување на доволни количини безбедна храна и вода за нив. Се проверува и здравствената состојба на секое животно, која дополнително ќе биде проверена и по повлекувањето на водата, темелното чистење и извршената дератизација и дезинфекција на одгледувалиштата, каде повторно ќе ве врати добитокот.
Категорија