Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

Соопштение

Министерството за локална самоуправа Град Скопје и ЗЕЛС со поддршка на иницијативата на АХВ за изградба на гробишта за миленици

29.01.2026

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Оливер Миланов и стручни лица од Агенцијата, неделава одржаа работни состаноци со Министерот за локална самоуправа Златко Перински, Градоначалникот на Гард Скопје и Претседател на Заедниците на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), Орце Ѓорѓиевки.  На состаноците се разговараше за неколку актуелни прашања од надлежност на АХВ и локалните самоуправи, за чие решавање е потребна заедничка соработка на институциите.

Итно се повлекува серија на АПТАМИЛ од македонскиот пазар

28.01.2026

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во текот на вчерашниот ден спроведоа вонредна инспекциска контрола кај оператор со храна увозник на почетна формула за доенчиња, последователна формула за доенчиња и диететска храна за посебни медицински намени, за кои АХВ вчера, како контакт точка на Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни (Rapid Alert System for Food and Feed) на Европската Унија доби известување за пласиран небезбеден производ на македионскиот пазар.

Минатата година инспекциските служби на АХВ спроведоа над 125 илјади контроли, изречени парични казни од 618 илјади евра

25.01.2026
Над 125 илјади инспекциски контроли од областа на безбедноста на храната и храната за животни, здравствената заштита и благосостојбата на животните, спроведоа минатата година официјалните ветеринари и инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Изречени казни во вредност од 40.000 евра на маркети и хипермаркети

18.01.2026
Приближно 40.000 евра во денарска противвредност е вкупната вредност на 22 казни кои ги изрече инспекциската служба на Агенција за храна и ветеринарство на оператори со храна, во рамки на спроведените вонредни надзори во маркети и хипермаркети на целата територија на државава.

Под лупа на инспекциските служби на АХВ и рестораните, месарниците и рибарниците

30.12.2025
Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), со цел обезбедување на висок степен на заштита на здравјето на потрошувачите, покрај редовните, спроведува и засилени, вонредни контроли кај сите оператори со храна.

Во Гевгелија се одржа обука за подигнување на свеста за африканската чума кај свињите

26.12.2025
Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје, денес во Гевгелија ја одржаа еднодневната специјализирана обука за подигнување на свеста за африканската чума кај свињите.

Поради неисполонување на хигиенски услови, затворени 9 новогодишни куќарки во струшката чаршија

24.12.2025
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), спроведе вонреден инспекциски надзор во 9 новогодишни куќарки во градската чаршија во Струга и издаде решенија за забрана за работа поради неисполнување на основни хигиенски услови.

Спроведени 262 контроли на безбедноста на новогодишните пакетчиња, утврдени се минимални недоследности

19.12.2025
Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски  надзори  за контрола на безбеднста на детските новогодишни пакетчиња. Надзорите беа спроведени во магацини за пакување на пакетчиња, маркети и продавници кои вршат промет со овој вид призводи

Одржан работен состанок со претставници на Интернационалниот Балкански Универзитет Скопје

16.12.2025
Работен состанок со Др Лутфи Сунар, Ректор на Интернационалниот Балкански Универзитет Скопје и Сејхан Муртезан Ибраими, Генерален секретар на оваа високобразовна научна установа

Беснило - Орална вакцинација

08.12.2025
Агенцијата за храна и ветеринарство од 6 декември започна со втората овогодинешна кампања за орална вакцинација на лисиците и дивите карнивози против болеста беснило.

Царина и АХВ потпишаа нов меморандум за соработка – заеднички против сите обиди за криминал со храна, безбедноста приоритет

04.12.2025
Зголемена безбедност на храната која се внесува во државата преку заеднички и координиран пристап на Царинската управа и Агенцијата за храна и ветеринарство, како и олеснување и забрзување на легалната трговија.

Повторно земени брисеви од работните површини во кујната на ОУ “Димо Хаџи Димов”

04.12.2025
Инспектори за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), по  наредените  мерки за генерално чистење и дезинфекција на објектот, опремата и машините во кујната во ОУ “Димо Хаџи Димов”, денес, повторно земаа брисеви од работните површини во кујната, со цел утврдување на најзината безбедност.

Инспекциките контроли ја потврдија безбедноста на кујната во интернатот “Здравко Цветковски”

28.11.2025
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги демантира изнесените наводи објавени во неколку интернет портали дека учениците сместени во средношколскиот интернат “Здравко Цветковски” во Скопје, се хранат со оброци во кои има бубашваби.

Превентивни вонредни контроли се спроведуваат и во кујните на 9 училишта во Општина Карпош

27.11.2025
Инспекциски тимови од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денес, спроведуваат вонредни инспекциски контроли во кујните на 9 основни училишта во Општина Карпош со кои стопансисува истиот оператор со храна во чија сопственост е и централниот магазин кој се наоѓа во основното училиште “Димо Хаџи Димов” во Скопје

Вонредна инспекцискиа контрола во ООУ Димо Хаџи Димов во Скопје

26.11.2025
Инспекциски служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје, спроведуваат вонреден инспекциски надзор во кујната на операторот со храна во ООУ Димо Хаџи Димов по утрово добиено известување од училиштето, дека поголем број на ученици имаат стомачни болки.

АХВ со постер презентација учествуваше на првото издание на „Денови на реката Вардар 2025“

26.11.2025
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ)  со постер презентација за надлежностите на АХВ  во областа на водите, учествуваше на првото издание на „Денови на реката Вардар 2025“– нова платформа за одржливо управување со водите.

АХВ спречи увоз на над 20 тони небезбеден помфрит

23.11.2025
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), спречија увоз на 20.500 килограми замрзнат компир – помфрит, со поминат рок на употреба (23.05.2025 година). Компирот, увоз од Холандија, бил наменет за продажба на македонскиот пазар.

Препораки за безбедност на храната, водата за пиење и заштитта на животните во регионите каде има поплавувања

22.11.2025
Поради покачените водостои на реките по неколкудневните врнежи од дожд и опасноста од нивно излевање, но и заради излевањето на реките во неколку региони во земјава, со цел навремено преземање превентивни активности за намалување на ризиците од појава на заразни болести кои се пренесуваат преку храната или водата за пиење и за заштита на животните, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до населението да води сметка за безбеднсота на храната, водата за пиење и за здравствената состојба и благосостојбата на животните