Делегација на Ветеринарната комора на Репубалика Македонија ,предводена од претседателот на Ветеринарната комора на РМ д-р Томислав Николовски, на 22 јуни 2017 година остварија прва официјална средба со новоназначениот директор на Агенција за храна и ветеринарство д-р Зоран Атанасов.
Покрај упатените честитки и задоволството што на челната позиција на Агенцијата за храна и ветеринарство, после подолг период е назначен доктор по ветеринарна медицина , во отворена и конструктивна атмосфера беше разговарано и за најактуелните и приоротетни прашања на ветеринарната професија, како што се исплата на средствата за извршените активности од јавен интерес и намалувањето на ДДВ за ветеринарни услуги и лекови.
Обострано беше заклучено дека конструктивната и блиска соработка помеѓу двете институции е неопходност и клуч за успешно спроведување на професионалните активности на докторите по ветеринарна медицина.