Овој научен документ "Здравствена проценка на ризик од жива и олово во храна по човековото здравје" ги содржи следниве чекори на научно-базираната проценка на ризик - идентификација и карактеризација на опасноста (жива и олово), експозициска проценка со механизам на токсицитет на овие два тешки метали, токсикокинетика, семплирање и методи на анализа (детекција), клиничка презентација на труења при акутна и хронична експозиција, терапискиот пристап (третман) и превентивните мерки, како и најновата ЕУ легислатива што ги регулира максимално дозволените нивоа (концентрации) на овие метали во одредени видови на храна.
Дополнително инклудирани се табели за RASFF нотификациите за хемиски опасности во храна за период 2020-15 март 2023, вклучувајќи ги и тешките метали по одредени категории на храна, како и табеларен приказ на податоци за хемиски контаминенти во храна и одредени комбинации на храна-контаминент за тригодишен период 2020-2022 од базата на податоци за хемиски контаминенти., што се води во Секторот за проценка и комуникација на ризик (СПКР) во АХВ.
Овој документ во целост е научно изработен, стручно преведен, адаптиран, научно систематизиран, ажуриран со најнови научни податоци од релевантна стручна литература, трудови/стручни публикации и монографии, како и научни мислења од страна на Д-р Виктор АРСОВ, дипломиран доктор по медицина, специјалист интернист, експерт за здравствена проценка на ризик поврзана со опасности во храната, нутриција, диететски производи и алергии, помлад соработник за логистика за информации за здравствена проценка на ризик поврзани со опасности во храната, со речиси 18 годишно работно и професионално искуство во Секторот за проценка и комуникација на ризик (СПКР).