Акутниот инфективен гастроентеритис е честа болест која засега лица од различни возрасни групи ширум светот. Тоа е водечка причина за смрт кај детската популација во земјите во развој со приближно половина милион смртни случаи секоја година и е одговорен за 6-8% од сите хоспитализации кај деца во индустријализираните земји. Постарите лица, особено изнемоштените се изложени на ризик од тешки постинфективни имуно-посредувани компликации и смрт од акутен гастроентеритис. Кај здравите млади возрасни лица, акутниот гастроентеритисот е ретко фатален, но доведува до сигнификантни медицински и социо-економски трошоци, вклучително и оние за изгубените часови од работното време. Неколку ентерични вируси се препознаени како важни етиолошки агенси на акутен инфективен гастроентеритис.
Иако повеќето вирусни гастроентеритиси се предизвикани од РНК вируси, ДНК вирусите се повремено вклучени (на пр., аденовирусите - серотиповите 40 и 41). Болеста предизвикана од овие вируси се карактеризира со акутен почеток на повраќање и/или дијареа, која може да биде придружена со треска, гадење, абдоминална грчеви, анорексија и малаксаност.
Во овој научен докумет - ревија на 22 страници, фокусот е на норовирус, хепатотропните вируси - хепатитс А и Е ротавирусот и спомнати се аденовирусите како етиолошки агенси за акутните инфективни гастроентеритиси.
Овој документ во целост е креиран во јануари 2025-та година од страна на Д-р Виктор АРСОВ, дипломиран доктор по медицина, специјалист интернист, експерт за здравствена проценка на ризик поврзана со опасности во храната, нутриција, диететски производи и алергии, помлад соработник за логистика за информации за здравствена проценка на ризик поврзани со опасности во храната, со над 18 годишно работно и професионално искуство во Секторот за проценка и комуникација на ризик (СПКР).
Подолу е линкот за преземање на PDF докуметот: