Listeria monocytogenes е сеприсутен еколошки сапрофит и интрацелуларен патоген кај неколку животни. Луѓето развиваат L. monocytogenes инфекција - листериоза - првенствено преку храна. Клиничкиот спектар на листериозата се движи од фебрилeн гастроентеритис кај здрави лица до инвазивна болест, вклучувајќи бактериемија и менингоенцефалитис и најчесто ги погодува оние со тешка основна болест или состојба (на пр. имуносупресија, ХИВ/СИДА, хронични состојби како цироза кои го нарушуваат имунолошкиот систем), бремени жени, предвремено родени (prematurusi) или новороденчињата и постарите лица над 65 години.
Во оваа научно-базирана проценка на ризик направена е идентификација и карактеризација на бактеријата, со микробиологија, патогенеза, имунолошки одговор на организмот, клиничките манифестации на хуманата листериоза, проценка на експозиција со епидемиологија на листериозата и финална карактеризација на ризикот од оваа бактерија, Притоа се користени податоци од научната литература, ECDC извештаите за заразните заболувања, оригинални документи за приоритизација на микробиолошки ризици во храната како дел од ИПА Проектна документација (https://fva.gov.mk/mk/adc-fss/komponenta-4, АDC-FSS Project Funded By European Union, European Application of Technologies and Services (AETS), Expertise Advisors (EA) & CAPA EEIG (CARDNO & PARTICIP) CONSORTIUM - Подобрена контрола на болести кајживотните и имплементација на системот за безбедност на храна, Компонента 4 – Подобрен систем за собирање податоци и проценка на ризик), податоци од Националната база за микробиолошки и хемиски контаминенти во храната, претходно направени технички документи за проценка на ризик од L.Monocytogenes од WHO/FAO и FDA, US Department of Health and Human Services.
Овој документ во целост е научно изработен, стручно преведен, адаптиран, научно систематизиран со примена на оригинални методи и пристапи за приоритизација на ризици од Д-р Виктор АРСОВ, дипломиран доктор по медицина, специјалист интернист, експерт за здравствена проценка на ризик поврзана со опасности во храната, нутриција, диететски производи и алергии, помлад соработник за логистика за информации за здравствена проценка на ризик поврзани со опасности во храната, со речиси 18 годишно работно и професионално искуство во Секторот за проценка и комуникација на ризик (СПКР).