Во овој документ направен е сублимат од резултатите за здравствената проценка по човековото здравје од чија семињата во храната направена од Панелот за нутриција, диететски производи и алергии на ЕФСА, во 2009 година: "Opinion on the safety of ‘Chia seeds (Salvia hispanica L.) and ground whole Chia seeds’ as a food ingredient1 Scientific Opinion of the Panel on Dietetic Products, Nutrition and Allergies (Question No EFSA-Q-2008-008)", adopted on 13 March 2009
Во него е содржана основната информација за овој вид новел храна, историјат на употреба, технолошката спецификација, микробиолошката и нутритивната информација (јаглехидратен состав, липиден и аминокиселински лабораториски профил, витамински и минерален состав), содржина на микотоксини и тешки метали, токсиколошките информации за студии кај луѓе и животни, потенцијалната алергеност, како и дискусија со заклучок - резиме.
Овој документ во целост е научно изработен, стручно преведен, адаптиран, научно систематизиран, првично во 2018 година и ревидиран, едитиран во 2024 од Д-р Виктор АРСОВ, дипломиран доктор по медицина, специјалист интернист, експерт за здравствена проценка на ризик поврзана со опасности во храната, нутриција, диететски производи и алергии, помлад соработник за логистика за информации за здравствена проценка на ризик поврзани со опасности во храната, со речиси 18 годишно работно и професионално искуство во Секторот за проценка и комуникација на ризик (СПКР).