Растението Алое се користи како додаток во исхраната во различни видови храна и како состојка во козметички производи. Распространетата човечка изложеност и потенцијалниот токсичен и канцероген ефект предизвикуваат загриженост за безбедноста по човековото здравје. Растението Алое содржи различни полисахариди и фенолни хемикалии, особено антрахинони. Земањето на препарати од Алое се поврзува со дијареа, хипокалемија, псевдомеланоза коли, бубрежна инсуфициенција, како и фототоксичност и хиперсензитивни реакции. Екстрактот од целиот лист од алое вера покажа јасна поврзаност со канцерогена активност кај стаорци и беше класифициран од Меѓународната агенција за истражување за ракот како можен човечки канцероген (група 2Б).
Три различни препарати добиени од Алое вера (т.е. екстракт од целиот лист, гелот од алое вера и латексот од алое вера) се користат како локални и орални терапевтски лекови. Гелот првенствено се користи локално за рани и проблеми со кожата, како и се зема орално за третман на гастроинтестинални улкуси и дијабетес. Латексот е регулиран како лек со ФДА за ублажување на запек и екстрактот од целиот лист може да поседува антибактериски/вирусни и антиканцерогени активности. Алое вера од оние делови на растението каде нема антрахинони (дантрони и емодини), како внатрешниот пулпозен - гелозен дел и кутикулата или надворешниот дел од пулпата без или со отстранети антрахинони се чини дека е безбедна кога се користи како арома за храна или новел состојка.
Автор на овој адаптиран документ: "ПРОЦЕНКА НА ЗДРАВСТВЕН РИЗИК ОД АЛОЕ ВЕРА ВО ДОДАТОЦИ ЗА ХРАНА И КАКО НОВЕЛ СОСТОЈКА" е Д-р Виктор АРСОВ, дипломиран доктор по медицина, специјалист интернист, експерт за здравствена проценка на ризик поврзана со опасности во храната, нутриција, диететски производи и алергии, помлад соработник за логистика за информации за здравствена проценка на ризик поврзани со опасности во храната, со речиси 18 годишно работно и професионално искуство во Секторот за проценка и комуникација на ризик (СПКР).