Овој научно-базиран документ " Проценка на ризик oд афлатоксини во храна" или во оригинал, на англиски јазик - " Risk Assessment: Аflatoxins in Food (IPA Project Activity: ADC-FSS,Component 4- Risk Assessment) наменет и прикажан на телеконференција и состанок во просториите на АХВ, пред колеги и италијански експерти во рамките на завршена ИПА Проектна активност, (IPA Project Activity: ADC-FSS,Component 4) - за институционално зајакнување на проценката на ризик го објаснува методолошкиот пристап на здравствената проценка на ризик по човековото здравје од хемиските опасности/контаминенти присутни во храната, конкретно на афлатоксините како приоритетен ризичен хемиски агенс за потрошувачите (населението, хуманата популација) во Р. Северна Македонија.
Во почетниот дел на документот содржани се табели за калкулација на скорови доделени во однос на различни критериуми објаснети во претходно прикачените документи на страницата на Одделението за проценка на ризик, за приоритизација на хемиски ризици во одредени видови на храна/ прехранбени производи, поконкретно за најчестите комбинации контаминент - храна/матрица. Понатаму наведена е идентификацијата и карактеризацијата на конкретната опасност - афлатоксините по човековото здравје со факти од аспект на хуманата медицина и фокус на хепатоцелуларниот карцином (HCC) - црнодробниот карцином. Детално е објаснета етиопатогенезата на овој карцином со клиничка презентација, дијагностика, најнова терапија и превенција. Даден е и статистички табеларен приказ и хистограм/столпчест дијаграм на изолирани контаминенти во мострирани примероци на храна за тригодишен период (2020-2022), деривирани од Националната База на податоци за микробиолошки и хемиски контаминенти во храната, што ја води Одделението за проценка на ризик во рамките на Секторот за проценка и комуникација на ризик (СПКР).
Прикажани се податоци (опсежни статистики) за најчестите топ 10 RASFF нотификации во однос на опасност, категорија на храна/производ и земја на потекло пријавени до RASFF Порталот на Европската Комисија (EC) за тригодишен период (2020,2021,2022) како и вкупната бројка на пријавени RASFF нотификации (774) во однос на афлатоксините во одредени категории на храна за периодот 01.01.2020-15.03.2023 со вкупна и поединечна бројка на нотификации,тренд, прехранбени производи, земја на потекло за период 2013-2023 со доделени скорови и кодови.
Дополнително внесени се последните научни мислења за здравствената проценка на ризик од афлатоксините направена од ЕФСА, најновата ЕC Регулатива за максималните нивоа на контаминентите во храната (Commission Regulation (EU) 2023/915 of 25 April 2023 on maximum levels for certain contaminants in food and repealing Regulation (EC) No 1881/2006).
Овој документ во континуирана консултација и размена на научни информации со проектните експерти од Италија и Германија, во целост е креиран декември 2023-та година од страна на Д-р Виктор АРСОВ, дипломиран доктор по медицина, специјалист интернист, експерт за здравствена проценка на ризик поврзана со опасности во храната, нутриција, диететски производи и алергии, помлад соработник за логистика за информации за здравствена проценка на ризик поврзани со опасности во храната, со над 18 годишно работно и професионално искуство во Секторот за проценка и комуникација на ризик (СПКР)