Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов и градоначалникот на општина Аеродром Златко Марин, викендов одржаа работен состанок на кој дискутираа за теми кои се од заеднички интерес, а кои се во надлежност на двете институции. Директорот Атанасов и градоначалникот Марин, покажаа взаемен интерес за подобрување на состојбата со бездомни животни на територијата на општина Аеродром.
Исто така, се дискутираше за користење на можностите кои ги нудат ИПА фондовите, а кои се корисна алатка за подобрување на животот во општината од аспект на заштита на животната средина, здравствена заштита на животните итн. Почетокот на оваа соработка, двете институции го одбележат со спроведување на заедничка активност за расчистување и уредување на дворната површина на Агенцијата.