“Овци” се сите животни од видот овци, освен овци помлади од шест месеца, кои се сметаат за јагниња;
“Кози” се сите животни од видот кози, освен кози на возраст под шест месеца, кои се сметаат за јариња;
При држење на овци и кози, сопствениците и или одгледувачите покрај општите одредби пропишани во членовите 5, 6 и 7 од Законот за заштита и благосостојба на животните и општите услови пропишани во членот 2 од Правилникот за условите и начините за заштита на фармските животни треба да ги исполнуваат и посебните одредби пропишани во членот 9 од Законот за заштита и благосостојба на животните и членовите 8, 9, 10 и 11 од правилникот за условите и начините за заштита на фармските животни
Законот за заштита и благосостојба на животните може да го превземете тука
Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните може да го превземете тука
Правилникот за условите и начините за заштита на фармските животни може да го превземете тука