Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Одржан вториот Управувачки комитет на новиот твининг проект на АХВ

18.09.2017
Одржан вториот Управувачки комитет на новиот твининг проект на АХВ

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, денес, во својство на проектен лидер, го одржа вториот Управувачки комитет на твининг проект „Понатамошно развивање на контролните системи на надлежните институции за заштита на здравјето на луѓето, животните и растенијата” вреден 751.473 евра, кој ќе го спроведува Агенцијата за храна и ветеринарство со финансиска поддршка на Европската унија во рамки на ИПА 2012.

Во реализирање на активностите на проектот кој претставува продолжување на твининг проектот кој го реализира Агенцијата, а кој беше во насока на подобрување на ефективноста на работењето на инспекциските служби, воспоставување пилот - систем за пасоши кај растенијата и подобрување на размената на податоците меѓу надлежните служби.

-Темите што се опфатени со овој проект се од големо значење за нас како институции, но исто така и како земја, бидејќи се во насока на подобрување на капацитетите на Република Северна Македонија во областите кои се однесуваат на справувањето со болестите кај животните, активностите од областа на јавното здравство, подобрување на здравствената состојба на растенијата и други области. Убеден сум дека преку овој проект релевантните експерти и институции од италијанската страна ќе ги споделат своите знаења и најдобри практики во подобрување на нашите системи – рече директорот Атанасов во обраќањето.

Тој посочи дека активностите на проектот се дополнителен предизвик за натамошно одобрување на работата на институциите кои се вклучени во неговата реализација и за јакнење на пазарната економија и подобрување на конкурентноста на македонските земјоделско-прехранбени производи на пазарите на ЕУ.

Ознаки
Категорија