Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Инспекциска контрола во Леар по новиот случај на труење со храна

09.07.2017
Агенција за храна и ветеринарство

Инспектори за храна од Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Санитарната инспекција, во текот на вчерашниот ден направија вонредна инспекциска контрола во фабриката Леар во Тетово, каде 23 лица пријавиле лесни симптоми на труење со храна. Направена е контрола во мензата каде се послужувала храна за вработените при што е констатирано дека истата била дистрибуирана, чувана и послужена во услови на соодветен температурен режим, во оригинално пакување, со адекватен рок на употреба.
Со извршената контрола во мензата каде се послужувала храната утврдено е дека истата ги исполнува соодветните хигиенски услови, поради што не е изречена мерка за нејзино времено затворање.
Со цел утврдување на причините за појавата на труењето, од страна на инспекциските служби земени се мостри за лабораториско испитување од храната која била послужена, од работните површини во мензата, како и од вработеното лице кое ја послужувало храната, а на кое му било извршено и дополнителен здравствен преглед

Агенцијата за храна и ветеринарство ќе продолжи да го следи случајот и да ја информира јавноста за секоја новина врзана со него.
Како одговорна институција за безбедноста на храната, Агенцијата за храна и ветеринарство апелира во услови на високи температури и зголемен ризик од расипување на храната и појава на труења, граѓаните да внимаваат од каде купуваат храна, односно истата да ја набавуваат од регистрирани оператори, каде се запазени безбедносните критериуми, како и да водат сметка на личната и хигиената при подготовка и чување на храната.

Категорија