Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Работен состанок со увозници на храна наменета за спортисти

28.02.2020
Работен состанок со увозници на храна наменета за спортисти

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, денес оствари работен состанок со претставници на Сојузот на стопански комори и увозниците на додатоци во исхраната.

На состанокот се дискутираше за најновите измени во националното законодавство во однос на увозот на храна наменета за спортисти која е транспонирана од релевантната регулатива на Европската унија и проблемите со кои се соочуваат увозниците на храната наменета за спортисти во Република Северна Македонија при увоз и ставање во промет на истата.

Согласно најновите измени во законодавството, храната наменета за спортисти доколку содржи суровина од животинско потекло (протеини) во количини поголеми од 50%, тогаш истата е предмет на преглед на ветеринарен инспектор на граничен премин при влез во Република Северна Македонија, што претставува постапка која се разликува од досегашната практика овие производи да се увезуваат само со здравствен сертификат за слободна продажба.

Директорот Атанасов се согласи дека промената на начинот на спроведување контрола при увозот на храна наменета за спротисти резултира со појава на одредени предизвици со кои се соочуваат увозниците, и во исто време изјави дека Агенцијата за храна и ветеринарство како партнер на сите оператори со храна ќе ги превземе сите потребни мерки за надминување на проблемите и олеснување на трговијата со цел да се избегнат непотребни економски загуби по увозниците на храната наменета за спортисти.

На состанокот директорот Атанасов ги информираше присутните и за ново формираното Одделение за следење на измами со храна чија надлежност е да ги следи измамите поврзани со храната особено измамите поврзани со online продажбата на додатоците во исхраната и контрола на истите. Овој вид на продажба најчесто предизвикува нелојална конкуренција на регистрираните увозници и трговци со додатоци во исхраната.
Агенцијата за храна и ветеринарство редовно ги следи трендовите и политиките на Европската унија кои се однесуваат на безбедност на храната и редовно ги транспонира на национално ниво со цел заштита на потрошувачите но и заштита на операторите со храна и нивна конкурентност како на домашниот пазар така и на пазарите на Европската унија.
 

Ознаки
Категорија