![МИК ги презентираше новите технологии во производството](/sites/default/files/styles/large/public/2020-01/200123-delovna-sredba-mik-0.jpg?itok=lJHoZJ9B)
На покана на менаџментот на компанијата МИК Свети Николе, директорот Зоран Атанасов придружен со претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство беше во посета на објектот и оствари средба со првите луѓе на компанијата. МИК Свети Николе е компанија со повеќе од 60 години постоење и традиција на производство на полутрајни, трајни и конзервирани производи од месо, а во рамките на својот капацитет има и кланица.
![МИК ги презентираше новите технологии во производството 1](/sites/default/files/inline-images/200123-delovna-sredba-mik-1.jpg)
Со поддршка и посветеност на тимовите на Агенцијата за храна и ветеринарство и компанијата МИК Свети Николе, оваа компанија е во финална фаза на добивање одобрување за извоз на своите производи на пазарот на Европската унија.
![МИК ги презентираше новите технологии во производството](/sites/default/files/inline-images/200123-delovna-sredba-mik-2.jpg)
За време на посетата, директорот Атанасов оствари состанок со менаџерот на МИК Свети Николе, г-дин Влатко Георгиевски, но направи и обиколка на самиот капацитет за производство со цел да направи увид на новините воведени во објектот во однос на инфраструктурата и технологијата која се користи.
![МИК ги презентираше новите технологии во производството 3](/sites/default/files/inline-images/200123-delovna-sredba-mik-3.jpg)