
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, денес оствари работна средба со првите луѓе на компанијата Пекабеско АД од Скопје, уште една од компаниите чие работење, успех и препознатливост на домашниот и меѓународниот пазар е доказ за професионалната, транспарентна и посветена соработка.
Пекабеско АД е компанија која има повеќе од 40 годишна традиција со основна дејност производство на сувомесни производи и дистрибуција на храна.

Заложбите и посветеноста на Агенцијата за храна и ветеринарство поддржани со донесените мерки од страна на Владата на Република Северна Македонија овозможија зголемување на производството и извозот на месни и сувомеснати производи, но и обезбедување и задржување на високото ниво на квалитет и препознатливост на домашните производи на пазарите на земјите во кои се извезуваат.

Зголемениот обем на работа и ширењето на меѓународниот пазар резултираат со се поголема потреба од нови вработувања во компанијата и поради тоа Пекабеско АД има постојано отворен конкурс за вработување на лица од различни профили согласно потребите на компанијата.
Работата и професионалналноста на службите на Агенцијата за храна и ветеринарство и Пекабеско АД, обезбеди оваа фирма да се најде на листата на трети земји кои се одобрени за извоз на своите производи на пазарот на земјите членки на Европската унија.
