
Агенцијата за храна и ветеринартво преку посветена и транспарентна работа гради партнерски однос со сите засегнати субјекти.
Доказ за успешната соработка на Агенцијата со компаниите и засегнатите субјекти се и меѓународнте успеси.
По барање на Агенцијата за храна и ветеринарство, во Јули 2017 година, компанијата МЕТРО беше прва компанија која доби право на извоз во земјите на Европската Унија.
Постојаните вложувања во производите и услугите кои МЕТРО а.д. Скопје ги испорачува, доведоа да компанијата стане долгорочен партнер на компании од македонскиот пазар, но и од пазарите во Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Грција, Словенија.

МЕТРО а.д. Скопје е првата компанија со извозен објект одобрен за извоз на риба и рибини производи од Македонија на пазарите во земјите од Европската Унија. Стратешката посветеност кон извозните пазари придонесе да во изминатите 3 години извозот во земјите во регионот е неколкукратно зголемен.

Секако зад успесите, особено во поглед на растот на извозот, стои успешната соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство.