Означувањето и идентификацијата на храната за животни не смее да го доведе во заблуда корисникот, а особено:
во однос на употребата или карактеристиките на храната за животни, особено, природата, начинот на производство, својствата, составот, количеството, рокот на траење, видови или категории на животни за кои е наменета;
давање атрибути на храната за животни, ефекти или карактеристики кои истата не ги поседува или наведување на мислење дека храната за животни има посебни карактеристики во случај кога сите слични храни за животни имаат такви карактеристики;
во однос на усогласеноста со означувањето согласно кодовите за добра пракса или други прописи од областа.
Суровините на храната за животни или крмните смеси кои се ставаат во промет во рефус или во незапечатени пакувања или контејнери, треба да бидат придружени со документ кој ги содржи сите задолжителни податоци во однос на означувањето.
Закон за безбедност на храната за животни (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 145/10, 53/11, 1/12, 33/15, 149/15 и 53/16) [врска]