Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

EXIM

EXIM страницата на Агенцијата за Храна и Ветеринарство ви го олеснува електронското поднесување на барањатата за дозволи во надлежнмост на АХВ кои се врши преку EXIM системот,со кратки упатство за  начинот и постапката при поднесување на барањата за увоз и транзит на пратки кои се во надлежност на Агенцијата за Храна и Ветеринарство.

На веб страната на EXIM системот www.exim.gov.mk се објавуваат потребните информации заусловите и правилата за регистрација на економските оператори (EO) во EXIM, каде можат да се најдат и прирачниците за негово користење.

Прегледот на дозволи и параметри за дозволите кои се издаваат преку EXIM во надлежност на Агенција за храна и ветеринарство може да го превземете тука

Обем на издадени дозволи и просечно време на издавање
според податоците од ЦУ на РМ

 

Август - Октомври 2017 (Q3)

 

Инст. Шифра на дозвола Име на дозвола Број на издадени дозволи Рок на одговор (во денови) Просечно време на издавање (во денови) Просечно време на издавање (во минути)
АХВ I007 I007 Согласност/Решение за увоз на пратка со храна, производи и материјали кои доаѓаат во контакт со храна 8975 15 0 44
АХВ I046 I046 УВ - Одобрение за увоз на ветеринарно медицински препарати 48 30 0 10
АХВ I047 I047 УВ - Документ за ветеринарна проверка на продукти за исхрана на животни при увоз 133 15 0 8
АХВ N640 N640 УВ-Влезен ветеринарен документ за живи животни 56 15 0 8
АХВ N853 N853 УВ-Влезен ветеринарен документ за производи од животинско потекло 3341 15 0 55
АХВ T640 T640 - Ветеринарен влезен документ за живи животни при транзит 46 15 0 54

 

Образците за хартиена постапка при поднесувае на барање за лиценца можете да ги превземете на следните линкови:

  1. АХВ-N853-Ветеринарен влезен документ за производи од животинско потекло
  2. АХВ-N640-Ветеринарен влезен документ за животни
  3. АХВ I047- Документ за ветеринарна проверка на продукти за исхрана на животни при увоз

 

Упатствата за начинот и постапката при поднесување на барањата за увоз и транзит на пратки кои се во надлежност на Агенцијата за Храна и Ветеринарство можете да ги превземете на следните линкови:

  1. Упатство за користење на EXIM во однос на лиценцaтa АХВ-N853
  2. Упатство за користење на EXIM во однос на лиценцата АХВ-N640
  3. Упатство за користење на EXIM во однос на лиценцата АХВ I047
  4. Упатство за користење на EXIM во однос на лиценцата АХВ I007
  5. Упатство за уплата на административни такси при поднесување на барање
  6. Упатство за уплата на дополнителни надоместоци за лиценцата  АХВ I007
  7. Упатство за постапката при транзит на живи животни
  8. Упатство за користење на хартиена постапка во случај на прекин на EXIM систем
  9. Упатство за начин на плаќање на гранични ветеринарни контроли 

 

Упатствата за начинот и постапката за пополнување на барањата на лиценците можете да ги превземете на следнава [врска].

 

Со цел унапредување на функционалностите на ЕХИМ системот, согласно предвидената Активност од Акциониот план за реализација на препораките од Анализата на ЕХИМ и процесот на плаќање, Ве известуваме дека со одбирање на дадениот/овој  excel документ, овозможен ви е преглед на сите законски и подзаконски акти кои се поврзани со процесот на издавање на лиценците во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство, при постапките за увоз и транзит на пратки, а кои се издаваат локално на самите гранични премини или централно во канцелариите на Агенцијата, согласно погоре  дадените упатства.

Имено, прегледот на сите законски и подзаконски акти е прикажан на засебна страна од овој excel документот за секоја од лиценците со одредениот код кој и е доделен во ЕХИМ системот.