Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Средношколците од Георги Димитров учеа за безбедноста на храната

21.12.2017
Средношколците од Георги Димитров учеа за безбедноста на храната
Агенцијата за храна и ветеринарство реализира циклус предавања на барање на средното училиште на Град Скопје ,,Георги Димитров,, на тема ,,Храна и исхрана,,. Предавањата се реализираа во рамки на соработката на Агенцијата со македонскиот образовен систем.
Тие им овозможија на учениците да се здобијат со знаења кои се однесуваат на прашањата врзани за безбедноста на храната, опасностите во храната, правилната исхрана, болестите предизвикани од храната и неправилната исхрана и последиците од консумирањето на таканаречената брза храна.
На учениците им беа презентирани основите на работа на Агенцијата за храна и ветеринарство, како централен авторитет во системот за безбедност на храната во Република Северна Македонија. На средношколците од ова училиште поделен им беше едукативен материјал за информации поврзани со храната, опасностите во храната, како и издадените тематски лифлети - Здрава храна- здрава иднина. Предавањата ги посетија околу 60 ученици од ова средно училиште.
Категорија