За да се регистрира институцијата треба до агенцијата да поднесе Барање за регистрација на институции за одгледување или снабдување со експериментални животни и институции корисници кои вршат експерименти со животни и соодветната дополнителна документација:
- Тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија не постар од шест месеци;
- Доказ за сопственост на објектот (имотен лист). Доколку објектот е сопственост на друго правно или физичко лице во прилог се доставува и договор за закуп со дефинирани услови на работење;
- Техничко-технолошки елаборат;
- Список на опремата со главни технолошко-технички карактеристики (статична и подвижна опрема, капацитет, работен режим и др.);
- Приказ на организацијата на работата и биланс на работната сила (број на вработени со систематизацијата-опис на работни места, односно назначени лица за грижа на животните и функционирање на опремата);
- Доказ за обезбедена здравствена заштита на животните од страна на Доктор по ветеринарна медицина;
- Список на санитарни уреди и на мерките што се применуваат за санитарна заштита на објектот, опремата (санитарни простории со начин на чистење, перење и дезинфекција, дезинсекција и дератизација, опрема и средства за извршување на санитационите активности, контролни мерки и евиденција на спроведеното;
- Опис на системот на собирање и одстранување на отпадните материи (нуспроизводи од животинско потекло и отпадните води) и
- Доказ за нивото и видот на обуки кои ги имаат посетувано одговорните лица и лицата кои се грижат за животните неопходни за извршување на нивните работни задачи.
Регистрирани институции корисници кои вршат експерименти со животни во Република Северна Македонија се:
1. Институт за предклиничка и клиничка фармакологија со токсикологија, адреса Ул. 50-та дивизија бр. 6 1000 Скопје во сопственост на Медицински факултет Скопје-Институт за предклиничка и клиничка фармакологија со токсикологија со седиште на Ул. 50-та дивизија бр. 6 1000 Скопје.
Вид на животни кои се држат се: Глушец (Lat. Mus Musculus); Стаорец (Lat. Rattus Norvegicus)
2. Природно-математичкиот факултет-Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, адреса Ул. „Гази Баба“ бб Скопје во сопственост на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје.
Вид на животни кои се држат се: Глушец (Lat. Mus Musculus); Стаорец (Lat. Rattus Norvegicus)
3. ЈЗУ Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија со седиште на ул. 50-та Дивизија бр. 6, Скопје. Вид на животно коe се држи: Зајак (Lepus curapaeums).
* Обновено на 05.10.2015