Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

Железо - Здравствена и нутритивна проценка на ризик, диететски референтни вредности, заболувања предизвикани од недостаток (дефицит) и вишок (суфицит) на железо преку диететски внес

Железото е нутриент, есенцијален за животот. Телото на возрасен човек содржи околу 3 до 5 грама елементарно железо, главно во состав на макромолекулите - хемоглобин и миоглобин. Овие два протеини играат круцијална улога во системскиот транспорт на кислородот преку крвта - циркулацијата и неговата доставка во мускулните клетки.

Железото (Fe со атомска маса 55,85 Da, атомски број 26) се наоѓа во оксидациони состојби од -2 до +6. Во живите биолошки системи, вклучувајќи го и човечкото тело најмногу е присутно феро (Fe2+) и фери (Fe3+) хемиската форма. Редокс хемиските реакции на интерконверзија меѓу двете оксидациони состојби на железото се есенцијални за извршување на неговите  физиолошки функции во организмот. Хемиските комплекси на железото со азотот се присутни во порфиринскиот прстен на
хемот, а со сулфурот, формираат железо-сулфурни кластери. Железото е од суштинско значење за транспорт на кислородот (преку хемоглобинот) и за депонирање телесни резерви на железо (во облик на миоглобин) и е вклучен во многубројни метаболни
патишта и ензимски реакции како катализатор.

Хем ензимите се есенцијални за редокс реакциите на бројни цитохроми, додека кластерите на железо-сулфур се вклучени во митохондријалниот енергетски метаболизам и ензимските активности на оксидоредуктазата. Железо е исто така кофактор во различни ензими кои не содржат хем. Диететското хем железо најчесто по потекло е од природни извори, во форма на хем протеини (најмногу миоглобин и хемоглобин) присутно во животинските ткива.

Најчести извори на природно нехемско железо присутни во храната се соединенија со ниска молекуларна тежина како железен цитрат, фосфат, фитат, оксалат и хидроксид и некои не-хемски железни протеини како што е феритинот.