Правилната исхрана (нутриција) е од суштинско значење за одржување на психо-физичкото здравје на тинејџерите, за правилен раст и развој, подобра концентрација и перформанси на училиште и во спортските (атлетските) активности. Многу адолесценти трошат многу повеќе калории од нивниот потребен внес. Од особена грижа за децата и адолесцентите се соодветни нивоа на калциум, калиум, влакна, магнезиум и витамин Е во исхраната. Нарушувањата во исхраната доведуваат до лош нутритивен статус и може да влијае на растот и развојот на тинејџерите на двата пола. Истражувањата покажаа дека навиките во исхраната во текот на адолесценцијата можат да влијаат не само на тежината на возрасните, но и на појава на други здравствени проблеми подоцна во животот. На пример, нејадењето доволно калциум како тинејџер може да го зголеми ризикот на остеопороза како постар возрасен. Конечно, исхраната на адолесцентите е важна затоа што некои тинејџери имаат здравствени проблеми кои бараат посебни диети. Дијабетес тип 1, исто така наречен јувенилен дијабетес, е дијагностициран често за време на нивните тинејџерски години.
Во подолниот документ од научно - информативен карактер наведени се нутритивните препораки за адолесценти со основните групи на храна во пирамидата предложена од USDA, здравата шема на исхрана во американски стил за адолесценти на возраст од 14 до 18 години, со дневни или неделни количини, индексот на телесна маса (BMI), како и Anorexia nervosa - нарушување во исхраната кое вклучува самоиницирано гладување. Поединецот е опседнат со тоа што станува сè послаб и го ограничува внесувањето на храната до точка каде што здравјето е загрозено. Анорексијата може да биде фатална.
Поединците со анорексија се преокупирани со ирационална, постојана мисла и опседнатост за слабеење и без разлика на губитокот килограми и колку им е нарушено здравјето, сакаат да изгубат повеќе килограми. Многу аноректици практично ги елиминираат мастите и шеќерот од нивната исхрана. Некои вежбаат компулсивно за да согорат дополнителни калории. На крајот, овие практики доведуваат до сериозни здравствени последици.
Овој документ од научно-информативен карактер што се занимава со нутрицијата во адолесценцијата и Anorexia nervosa е научно систематизиран, стручно преведен, обработен и адаптиран од страна на Д-р Виктор АРСОВ, дипломиран доктор по медицина, специјалист интернист, експерт за здравствена проценка на ризик поврзана со опасности во храната, нутриција, диететски производи и алергии, помлад соработник за логистика за информации за здравствена проценка на ризик поврзани со опасности во храната, со 18 годишно работно и професионално искуство во Секторот за проценка и комуникација на ризик (СПКР).