Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Миланов оствари средба и со првиот човек на македонската дипломатија Тимчо Муцунски

29.07.2024
Миланов оствари средба и со првиот човек на македонската дипломатија Тимчо Муцунски

Целосно усогласување на македонското законодавство со европското со цел непречен увоз на прехранбени производи од  земјите членки на Европската унија и зголемен извоз на прехранбени производи произведени од нашите домашни компании, како основа за развој на македонската економија. Ова се дел од приоритетите на Агенцијата за храна и ветеринарство кои  на заедничката работна средба со првиот човек на македонската дипломатија, Министерот за  надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, ги истакна Директорот на АХВ, Оливер Миланов.

 

Миланов оствари средба и со првиот човек на македонската дипломатија Тимчо Муцунски

 

На средбата истакната беше потребата од заедничка заложба во делот на зголемување на надворешната трговија на државава со соседните и земјите членки на ЕУ, како при увоз на прехранбени производи и храна за животни, и за извоз на добра и услуги од нашата земја. 

Целта на заедничкото работење, како што беше потенцирано на средбата е интензивирање и зголемување на пласманот на македонски производи на странските пазари како дел од стратегијата за раст и развој на македонската економија. 

 

Миланов оствари средба и со првиот човек на македонската дипломатија Тимчо Муцунски


 

 

Ознаки
Категорија