Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Средба Миланов – Андоновски: Брзо дигитализирање на услугите на АХВ во интерес на граѓаните и бизнис заедницата

12.07.2024
Средба Миланов –Андоновски: Брзо дигитализирање на  услугите на АХВ во интерес на граѓаните и бизнис заедницата

Комплетирање на дигитализацијата на услугите кои ги дава Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) кон граѓаните и бизнис заедницата со цел унапредување на економијата на земјава, водејќи грижа за безбедноста на податоците со максимално искористување на современата технологија,  дефинирање кои услуги може полесно и побрзо да се дигитализираат со цел да бидат побрзо достапни до корисниците. Ова се дел од темите за кои на вчерашниот работен состанок дискутираа директорот на Агенција за храна и ветеринарство министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски  и Оливер Миланов, директор на АХВ.

Агенцијата дел од ДМС системот на Министерство, но, како што истакна министерот Андоновски, интенција е и во согласност со стратешките приоритети на Владата, брзо дигитализирање на сите услуги на АХВ кон граѓаните и компаниите за што како што истакна Агенцијата ќе ја има максималната поддршка од Министерството. 
Директорот Миланов изрази подготвеност за овој процес кој е веќе во тек и со кој како што информираше, досега се  опфатени 23 услуги на Агенцијата. 

- Дигитализацијата на услугите е на листата приоритети на АХВ и истата ќе значи не само олеснување на нивната пристапност, туку  ќе води и кон поедноставување на постапките, а со тоа и до поголема ефективност и ефикасност на работењето на администрацијата. Сето ова ќе  биде во насока на  заштеда на време и пари, за граѓаните, но пред се на бизнис секторот, со кој Агенцијата за храна и ветеринарство има исклучително блиска соработка – истакна Миланов.

Дигитализирањето на услугите, заклучи Миланов ќе биде одлична основа и за обезбедување следливост на целокупната постапка на издавање на документите и нивна безбедност користејќи ја современата технологија.
 

Ознаки
Категорија