Целта на овој преведен и адаптиран документ првично за потребите на Дирекцијата за храна, а потоа и за АХВ е да обезбеди политика на водство на земјите членки за интегрирање на размислувањата за намерните дејства на саботажа на храната во постоечките програми за превенција и одговор. Со воспоставување и јакнеење на системите кои се однесуваат на тероризмот од храната, вклучувајќи го надзорот и истражувањето, мерки на претпазливост и системи за брзо реагирање, ќе се обезбедат основни капацитети за превенирање и справување со итностите од областа на безбедноста на храната , вклучувајќи ја и саботажата со храна. Овој документ исто така го подржува и јакнеењето на програмите од индустријата кои се однесуваат на производството на храна, обработка и подготовка како одговор на тероризмот од храна. Додека опасностите од храна првенствено ќе бидат менаџирани од нормалните рутински системи управувани од Министерството за здравство или агенции кои се специјализирани од областа на здравството и храната, политиката на националните одбранбени сили може да ја има водечката улога за севкупниот менаџмент на настанот ако контаминацијата е потврдена или ако за истата се сомнева дека е намерно предизвикана.
Овој документ исто така ја опишува улогата на СЗО, со нејзиниот јавен мандат, во одговор на итностите што се од интерес за меѓународното јавно здравје, што вклучува и терористички закани од храна, и во обезбедување на помош на земјите членки доколку истата е потребна.
Овој адаптиран, преведен документ, првично го изработи во 2008, а потоа дополнително пред објавување на веб страницата го ревидира Д-р Виктор АРСОВ, дипломиран доктор по медицина, специјалист интернист, експерт за здравствена проценка на ризик поврзана со опасности во храната, нутриција, диететски производи и алергии, помлад соработник за логистика за информации за здравствена проценка на ризик поврзани со опасности во храната, со речиси 18 годишно работно и професионално искуство во Секторот за проценка и комуникација на ризик (СПКР).