Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Проценка на ризик на регулирани производи - летна школа во Парма 2022

16.06.2022
Проценка на ризик на регулирани производи - летна школа во Парма 2022

Во организација на Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА), Универзитетот во Парма, Факултет за напредни студии за храна и исхрана и Католичкиот универзитет Сакро Куоре од Пјаченца, од 28 до 30 септември 2022 година, ќе се одржи  летна школа во Парма 2022 на тема „Проценка на ризик на регулирани производи“.

 

 

 

Програмата вклучува презентации и групи за дискусија кои истражуваат прашања за проценка на ризик и управување со ризик со посебно внимание на ензимите во храната, здравствените тврдења и производите и материјалите кои доаѓаат во контакт со храната.

  • Поглавје 1: Проценка на ризик/управување со ризик на регулирани производи во ЕУ
  • Поглавје 2: Пристапи за проценка на ризик на регулирани производи во ЕФСА
  • Поглавје 3: Проценка на ризик поврзана со безбедност на потрошувачите и иновациите во производството на храна

Преку сесии за прашања и одговори, анкети во живо и други интерактивни виртуелни активности, учесниците ќе имаат можност да комуницираат со некои од најистакнатите експерти во областа на безбедност на храната.

Летната школа е првенствено наменета за докторанти и истражувачи на почеток на кариерата, како и други научници, академици и претставници на јавни институции, невладини организации и европски агенции.

Учеството е ограничено на максимум 300 лица, вклучително говорници и други експерти идентификувани од Научниот комитет. Барањата за регистрација ќе бидат внимателно разгледани, пред да се направи избор којшто ќе обезбеди  географска рамнотежа и правична застапеност на сите групи на засегнати страни во публиката.

Крајниот рок за регистрација е 30 јуни 2022 година.

Повеќе информации за програмата и начинот на регистрација се достапни на следниот линк:

Ознаки
Категорија