Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Јавна консултација за нацрт-секцијата за податоци во однос на способноста на вирусот на Африканска чума кај свињите да преживее и да остане одржлив во различни матрикси

29.03.2022
EFSA

Јавна консултација за нацрт-секцијата за податоци во однос на способноста на вирусот на Африканска чума кај свињите да преживее и да остане одржлив во различни матрикси во однос на Научното мислење за проценка на ризик од Африканска чума кај свињите и способноста на производите или материјалите да претставуваат ризик за пренос на вирусот на Африканската чума кај свињите

 

 

Европската комисија и додели задача на Европската агенција за безбедност на храна (EFSA) да направи ревизија на евалуацијата на способноста на матриксите, вклучително и зеленчук, обработливи култури, сено и слама, како и струготини, парчиња дрво и слични материјали за кои постои голема веројатност дека претставуваат ризик за пренос на вирусот на Африканската чума кај свињи (АЧС) (Мандат 2019-0020). Оваа ревизија треба да ја земе во предвид ретроспективната анализа на механизмите за ширење на АЧС. 

Одржана е јавна консултација за нацрт-секцијата за податоци со цел да се обезбедат повратни информации и да се идентификува целокупноста на податоците во однос на опстојувањето на вирусот на АЧС во различните категории на матрикси идентификувани во прегледот на литературата, за да се идентификуваат други студии за опстојување на вирусот на АЧС во овие матрикси постојат категории кои не биле земени во предвид и да се соберат информации за параметрите за производство/преработка кои би можеле да влијаат на опстанокот на вирусот АЧС. Засегнатите страни, исто така, беа поканети да предложат дополнителни категории на матрици што треба да ги земе предвид научниот панел за здравсвена заштита и благосостојба на животните во врска со ризикот од пренесување на вирусот АСЧ на домашните свињи. 

Консултациите се одвиваа во период од 3 до 28 февруари 2020 година и беа добиени вкупно 51 коментар и 17 документи од 21 засегната страна. Во овој извештај се опфатени сите добиени коментари и објаснет е начинот како тие се вклучени во научното мислење.

 

Целиот текст на техничкиот извештај може да се прочита на следниот линк:

Ознаки
Категорија